„Пандевци“ во Анталија ќе имаат четири контроли, едната е со Нови Пазар!

555

Академија Пандев имаше одлична есенска полусезона. Струмичани првата полуетапа од тековната 2021/22 сезона ја завршија на втората позиција на табелата со -7 бодови во однос на есенскиот првак Шкупи.

Познати се амбициите на сите во клубот, посебно на стратегот Александар Васоски. Тој оваа сезона очекува неговиот тим да биде меѓу оние кои ќе изборат европско лето.

А да биде така потребни се квалитетни подготовки. Токму затоа “пандевци“ од 20 јануари до 1 февруари ќе се подготвуваат во Анталија каде ќе одиграат и најмалку четири пријателски средби. Едната од нив е веќе закажана, а таа е против тимот на Нови Пазар од Србија.

Инаку струмичани имаат намера да се засилат со две квалитетни имиња со цел тимот да се освежи, но и да добие а квалитет.

ПретходноЕсенскиот првак и официјално “раскина“ со Зука!
СледноМенди Ќира: За пет години Струга ТЛ ја гледам на врвот на табелата во ПМФЛ!