Јунајтед го купува Вирц од Баер Леверкузен (ВИДЕО)

319

Со доведувањето на Ралф Рангник на чело на тимот, во таборот на Манчестер Јунајтед требало да стане јасно дека во периодот кој следува, трансфер политиката во голема мера ќе биде базирана на играчи од Бундес лигата.

Германецот преферира засилувања од својата држава, што секако не е воопшо лошо затоа што во моментов Бундес лигата е преполна со млади и ултра квалитетни фудбалерил.

Еден од нив е 18. годишниот сениорски репрезентативец на Германија, и член на тимот на Баер Леверкузен, Флориан Вирц, кој игра на позицијата класична „десетка“.

Вирц е еден од најперспективните млади играчи во Германија, неговата вредност е голема, а со тоа и клубовите кои се заинтересирани за него. Постгна 11 гола на 21. меч сезонава и е во врвна форма во моментов.

ПретходноНестварно: Ливерпул му нуди на Салах плата од 30 милиони евра годишно!
СледноРудигер од лето во Реал Мадрид