Горан Здравков си заминува од Каменица Саса!?

2899

Како што неофицијално дознаваме, Горан Здравков си заминува од клупата на Каменица Саса. Се разбира дека ова вест сама по себе е сензационална, посебно ако се знаат тренерските квалитети на штипјанецот кој со тимот од Македонска Каменица имаше феноменални резултати. Колку се потсетување, иако млад тренер, Здравков екипата на Каменица Саса ја донесе на третото место на крајот од есенскиот дел во ВМФЛ – ИСТОК, и тоа со бод помалку од лидерот Победа.

И кога се чинеше дека Каменица Саса предводена од Здравков напролет ќе бие битка за влез во ПМФЛ или за пласман во баражот, доаѓа оваа информација од Македонска Каменица.

ПретходноГотово е: Халанд ги одбра “кралевите“!
Следно„Бомба“: Воска Спорт се пофали со Гафури!