Она што го најави „Спортмедиа“ пред неколку дена, еве денеска е и официјално. Воска Спорт ја активира “трансфер – бомбата“ наречена Арѓент Гафури. Имено некогашниот капитен на Ренова, долгогодишен прв играч на “гипсарите“, од денеска и официјално е нов фудбалер на Воска Спорт. Тимот од Охрид кој есенската полусезона во ВМФЛ – ЗАПАД ја заврши како втор и тоа пред еден Вардар и со амбиции напролет во најмала рака за го задржи ова место.
Нема што Воска Спорт и тоа како “одговори“ на потегот на Врадар кој го донесе Филип Гачевски. Познато е дека Гафури долго време, повеќе од една деценија важеше за еден од најдобрите фудбалери во нашата елитна лига.
Вистинско и големо засилување за тренерот Раде Цицмиловиќ и Воска Спорт.
Инаку дознаваме дека покрај Гафури, најмалку уште 4-5 нови и прволигашки играчи оваа зима ќе направат трансфер во амбициозниот клуб од Охрид.