Централниот бек на Залаегерсег, Никола Серафимов е во идеалниот тим на полусезоната во Унгарија. Ова е фантастично за младиот македонски репрезентативец кој во јуни оваа година направи трансфер во овој унгарски клуб од редовите на Академија Пандев.
Залаегерсег е петти на табелата во Првата лига, а Серафимов одигра 16 натпревари и постигна четири гола.
Сега е пауза во Унгарија, а фудбалот продолжува на 29 јануари и прв противник на ЗТЕ е Пакси.