Конте во офанзива: Тотенхем подготви 60 милиони евра за дуо на Јувентус

635

Антонио Конте, менаџерот на Тотенхем, по се изгледа, ќе биде доста активен на трансфер пазарот за време на зимската пауза. Италијанецот инсистира на освежување на составот и се чини дека претседателот Даниел Леви е подготвен да му дозволи поголема сума на пари за нови имиња.

Две од најголемите трансфер цели на конте се Дејан Кулушевски и Вестон Мекени од Јувентус, а лондончани подготвуваат сума од 60 милиони фунти за да ги донесат во Премиер лигата.

Конте и спортскиот директор Фабио Паратичи добро ги знаат квалитетите на овие двајца играчи. Во исто време, Јувентус изгледа подготвен да се раздели и со двајцата. Тие не се редовни стартери кај Масимилијано Алегри, иако добиваат редовно шанса за настап. Американецот одигра 10 натпревари како стартер и 3 како резерва во Серија А, додека Кулушевски почна на 4 натпревари, а на 12 се вклучи од клупата за резерви.

ПретходноИ Алавес му врачи отказ на тренерот
СледноТрето заминување: Најголемата сензација во ЛШ останува без половина тим