И Алавес му врачи отказ на тренерот

112

Шпанскиот прволигаш Депортиво Алавес му врачи отказ на тренерот Хавиер Каљеха. Како што потврдија од клубот, мадридскиот стратег си заминува од Алавес откако не успеа да го извлече тимот од црвената зона на табелата во првиот дел од сезоната.

Хавиер Каљеха пристигна на клупата на Алавес на 5 април 2021 година и ја постигна целта да остане во елитата, но годинава неговиот тим не успеа да се извлече од дното и моментално е на 18-то место во Ла Лига, во зоната за испаѓање. На последните пет натпревари Алавес не освои ниту еден бод.

ПретходноНевил со остри зборови за играта на Манчестер Ј.: Тие се еден куп плачковци!
СледноКонте во офанзива: Тотенхем подготви 60 милиони евра за дуо на Јувентус