НБА повторно ги менува правилата поради Ковид-19

131

Раководството на НБА-лига го скрати карантинот за вкацинираните тренери и Играчи кои се позитивни на Ковид-19 од 10 на шест дена, под услов да не постои ризик да се прошири вирусот, открива ЕСПН.

Неколку НБА-натпревари беа одложени поради бројни позитивни случаи, а ЕСПН извести дека повеќе од 200 кошаркари завршиле во здравствените протоколи, што пак е причината поради која раководството на најсилното светско клупско натпреварување одлучи да направи промени.

ЕСПН, повикувајќи се на неименувани извори објави дека промените се направени по детални испитувања од страна на клубот, лицата со висока КТ вредност не покажале повторна инфекција по пет или шест дена.

НБА новите правила ги објави истиот ден кога здравствените власти во САД го скратија времето на изолација на асимптоматските слуачи од 10 на пет дена.

ПретходноЛазаров: Повик е повик, но настап на официјален меч мора да се заслужи!
СледноМартин Поповски стави потпис на нов договор со Амичитија!