Од денеска Елиф Елмас, барем според „Трансфермаркт“, е со вредност од 24 милиони евра.Тоа значи дека од денеска Дијамантот е најскапиот фудбалер во историјата на Македонија,односно најскапиот македонски фудбалер во историјата.
Досега тоа беше, според овој специјализиран портал, Енис Барди кој во 2020 година беше со вредност од 20 милиони евра, претходно Горан Пандев во 2010 година вредеше 18 милиони евра, исто и Елмас некогаш вредеше 17 -18 милиони, но досега немало некој наш фудбалер кој вреди 24 милиони евра. Сега тоа е Елмас.
И ова не чудно ако се знае како игра Елмас во последно време како во дресот на Наполи така и за репрезентацијата на Македонија.