Мирчевски оди кај Тричко во Ларнака

1660

Дефинитивно сега е моментот кога најдобриот стрелец во домашниот шампионат Мартин Мирчевски треба да го направи големиот трансфер во кариерата. Има 24 години, доволно се изнаигра во нашата прва лига, а учинокот во есенската полусезона, ја крева  неговата цена неколкукратно отколку досега.

Дека Мирчевски заминува во странство тоа е веќе и повеќе од јасно само која ќе биде неговата конечна дестинација. Опции има неколку, јавноста шпекулира со негово заминување во турскаа Маниса, со трансфер дури и во Јужна Кореја, но Спортмедиа пак дознава дека Мирчевски е најблиску до заминување на Кипар.

Односно до тимот на АЕК Ларнака каде што главна карика е нашиот Иван Тричковски. АЕК во моментов е втор на табелата, „брка“ титула, заостанува само бод зад Аполон, а секако дека за да се стигне до посакуваната цел потребни се засилувања. Доколку Мирчевски навистина замине за Кипар, што е реална опција, Македонската колонија во овој шампионат ќе се зголеми за уште еден член.

 

ПретходноАбгонлахор: Роналдо нека не шири раце, нека им помогне на младите играчи (ВИДЕО)
СледноБеса на големо се засилува, пристигнаа Биљали, Адили, Исмаили, Алиу…(ВИДЕО).