После само четири месеци од како стартуваше проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ, наменет за деца од 7-12 годишна возраст, во организација на агенцијата КМГ Груп Спорт се одржа првиот турнир на децата од школите кои ги опфаќа проектот во Велес, Општините Аеродром, Кисела Вода, Карпош и Битола. Повеќе од 110 момчиња и девојчиња, во С.Ц “Јане Сандански“ во Општина Аеродром ги одиграа своите први натпревари и имаа шанса меѓусебно да се дружат и забавуваат.
_ „Проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ е плод на повеќегодишниот ангажман, личен и на мојата агенција, во сегментот на работа со најмалите категории момчиња и девојчиња и искуството кое се акомулирало во изминатите шест години, истото да се насочи кон создавање услови секое дете во Скопје и Македонија да ги покаже и развие своите афинитети кон ракометот, создавајќи база на деца кои би трчале по ракометната топка и кои во иднина би се надоградувале и насочувале. Самиот проект во моментов опфаќа школа за ракомет, но во иднина се предвидени и уште неколку сегменти и тоа мини лига во ракомет во која децата би се натпреварувале и би стекнувале искуство, кампови, семинари.
Викендов кој помина се одигра првиот пред новогодишен турнир, кој беше поделен на два дела, за деца кои родени 2012 и помали кои го практикуваат т.н мини ракомет и деца родени 2010/11 кои своите натпревари ги играа на терен со регуларни димензии. Во секој случај едно убаво искуство за секое од нив, дружење, забава и натпреварување. Во иднина, школата ќе продолжи со активности во овој сегмент и ќе организира турнири, како во Скопје, така и во другите градови.
Посебно сум горд и благодарен на родителите кои од самиот старат не поддржуваат, на тренерите кои работат секојдневно со децата, на моите соработници кои се дадоа целосно во проектот и секако на партенерите на проектот, без кои истиот не би функционирал на нивото на кое е предвидено. Ова e млад проект, но со луѓе кои се многу искусни во делот на спортскиот менаџмент и организација на настани но и со тренери кои се исклучително посветени и желни за пренесување на своето знаење“. – Горан Ѓоргоноски, основач и менаџер на проектот РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.
По завршувањето на официјалниот дел и натпреварите во двете категории, балгодарение на своите партнери и пријатели секое дете доби пактече од страна на организаторот со најубави желби во новата година.