Килде со триумф во Бормио, Влхова победи во Линц!

177

Александер Омод Килде од Норвешка денеска триумфираше на супервелеслаломот во Бормио во Светскиот Куп. Еден од најдобрите скијачи во моментов, дојде со време од една минута, 27 секунди и 95 стотинки. Ова беше негова десета победа во Светскиот Куп.

Втор беше Рафаел Хасер од Австрија, а трет заврши Винсент Крихмаер, исто од Австрија.

Жените денеска се натшреваруваа во Линц и тоа во четвртиот слалом сезонава.

Најбрза беше Петра Влхова од Словачка, втора беше Катерине Линсбергер од Австрија, а Мишел Жисин од Швајцарија.

ПретходноПозитивен и Артета: Арсенал без својот тренер на дербито со Сити!
СледноПепи Горгиев се раздели со Теута!