Првиот противник на македонската ракометна репрезентација на претстојното Европско првенство, Словенија испрати силна порака. Избраниците на Љубомир Врањеш убедливо ја совладаа Хрватска со 33-26 на првата контрола пред континенталното натпреварување.
Добрата игра во второто полувреме им донесе триумф на Словенците, овој дел го добија со 16-11.
Блаж Јанц, реализираше седум гола од осум обиди, тој сите ги постигна во второто полувреме, исто толку погодоци постигна и Маргуч. Кај Хрватска Шебетиќ и Циндриќ имаа по пет гола.
Македонија и Словенија ќе се сретнат на 13. јануари.