Замина од клупата на Полска, плати 300.000 евра и потпиша за Фламенго

817

Само неколку часа откако претседателот на Полската фудбалска федерација потврди дека договорот со Пауло Соуса е раскинат, бразилски Фламенго објави дека Португалецот ќе седне на нивната клупа. Бразилскиот тим вечерва објави дека Пауло Соуса потпишал договор со Фламенго на две сезони.

Португалскиот стратег дури и се сложи да плати отштета за раскин на договорот во висина од 300.000 евра само за да замине од кормилото на полската репрезентација.

Пауло Соуса имаше договор до март 2022 година и требаше да ја предводи полската репрезентација во баражот за квалификациите за Светското првенство.

ПретходноВелбек го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 91. минута (ВИДЕО)
СледноШампионот незапирлив: „Граѓаните“ се одлепија на врвот во Премиер лигата (ВИДЕО)