„Ни рекоа дека за нас немаат пари, но дали ќе го потпишат Халанд?“

1710

Усман Дембеле нема да остане во Барселона. Преговорите меѓу 24 годишниот фудбалер и раководството на каталонскиот гигант пропаднаа, тој нема да го продолжи договорот.

Неофицијално Дембеле барал плата од 40 милиони евра бруто по сезона, но и голем бонус за потпис и тоа од 20 милиони евра.

Состанокот меѓу двете страни предизвика тензии, а според информациите од Шпанија, Дембеле нема да остане.

„Луѓето од Барселона ни рекоа дека немаат пари да ги исполнат нашите барања, о другата страна сакаат да го потпишат Халанд“, вели еден од агентите на Дембеле.

Францускиот фудбалер неофицијално има понуда од Њукасл, ПСЖ, Челзи, Манчестер Јунајтед и Баерн, но тешко е да се каже дека некој ќе му ја даде потребната сума на пари.

ПретходноРангник не му дозволува на Хендерсон да си замине
СледноМорант го избриша страшниот дабл-дабл на Леброн (ВИДЕО)