Силјановски е нов голман на Воска Спорт

1233

Охридскиот второлигаш Воска Спорт си најде и нов голман. Нов голман на екипата е Дејан Силјановски кој доаѓа од редовите на Скопје. Се работи за 27-годишен фудбалер кој освен за Скопје играше за Гостивар, Борец, Беласица, Тетекс и Македонија ЃП.

Пред неколку денови Воска се засили со Арѓент Гафури, некогашниот капитен на Ренова, а клубот се раздели со седум играчи: Пајазит Салиу, Енис Дервиши, Албнор Каба, Фисник Салиу, Теофил Силјановски, Благој Истатов и Филип Лазаревски.

Се планира барем 5-6 квалитетни прволигашки имиња да дојдат во Охрид оваа зима.

ПретходноЕлмас пак е позитивен на Ковид-19
СледноБасконија ја демолира Барселона – лидерот падна по 9 победи во низа!