Аксел Туанзебе од Манчестер Јунајтед е на чекор до преселба во Наполи. Според италијанските медиуми, прашање на време е кога договорот меѓу двете страни ќе биде потврден.
Планирана е нова телефонска средба меѓу двата тима на која треба да биде потврдена позајмицата на Туанзебе на „Стадио Диего Марадона“. Наполи планира да плати меѓу 400 и 500 илјади евра, но и да добие право на откуп на договорот на младиот 24-годишен англиски дефанзивец.










