Екипата на Беса Добри дол не престанува зимава да доведува нови имиња во ростерот. По именувањето на новиот шеф на стручен штаб Џенгис Реџепи, тимот и тоа како претрпе промени, и веќе се доведени десетина нови фудбалери.
Последни во низата се напаѓачот Димитар Иванов за кого Спортмедиа веќе напиша дека ја засилува Беса, а од вчера тука е и неговиот брат Благојче Иванов, кој ќе ја засили секако голманската позиција.
Тој доаѓа од редовите на тимот на Осогово, а е поранешен Македонски младински репрезентативец.










