Според дел од шпанските медиуми Барселона и Манчестер Јунајтед преговараат за размена на фудбалери до крајот на сезоната. „Каталонците“ им го понудиле на Јунајтед Осман Дембеле, а за возврат го побарале францускиот крилен напаѓач Антони Марсијал.
Барселона не може да го пријави новиот играч Феран Торес затоа што мора да продаде или да позајми дел од фудбалерите во јануари за да може да ги запази правилата на финансиски фер-плеј, а со оглед на високите примања на Дембеле тој е прв на удар.
Јунајтед е заинтересиран за Дембеле, а Барса им го нуди, а од „Олд Трафорд“ го бара Марсијал кој има многу мала минутажа кај Ралф Рангник и одамна е на листата за продажба.