Челзи и Ливерпул одиграа без победник (2-2) во рамкиоте на 21. коло во Премиер-лигата.
Тренерот на Челзи, Томас Тухел, не можеше да се воздржи да ја коментира ситуацијата по натпреварот.
„Не сум за рани исклучувања, но навистина морам да го кажам ова – Мане мораше да биде исклучен. Тој е одлично момче и врвен играч, но мораше да добие црвен картон. Лактот до лицето е црвен картон без разлика дали е 20 секунди или 20 минути“, изјави тренерот на Челзи.
Тој за самиот натпревар рече:
„Кој не дојде на стадион, многу пропушти. Добро го отворивме натпреварот, а потоа примивме гол од наша грешка. После тоа дојде друг, но ние не се откажавме. Голот на Ковачиќ ја врати вербата, а на крајот трет гол пресврт висеше во воздух“.
Ремито секако најмногу му одговара на Манчестер Сити, кој сега е на десет бода од Челзи и 11 бода пред Ливерпул.