Ракометарите на мегдан со Израел за јасна слика пред европската битка

288

Македонската ракометна репрезентација денеска и утре ќе ги одигра последните два пријателски натпревари пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Противник на селекторот Кирил Лазаров и неговите момци е Израел, првата средба е закажана со почеток во 18 часот и истата ќе биде од затворен карактер, само претставниците на седмата сила ќе можат да ја проследат.

По двата дена одмор, ракометарите вчера ја почнаа втората фаза од подготовките. Лазаров го има на располагање целиот состав, веќе почна да се крои тактиката против Словенија (13. јануари), првиот противник на ЕУРО. Токму оваа средба ќе биде најважна, победа ќе значи широко отворени порти кон главната фаза на овој континентален собир, за каде ќе има место само само првите две селекции.

Дуелот со Израел ќе биде прва контрола со најсилен состав, Лазаров против Кувајт им даде поголема шанса на помладите играчи.

Втората средба со Израелците е утре, Македонија во Скопје ќе биде до 11. јануари, по што заминува за Дебрецен.

Покрај Словенија, во нашата група се Црна Гора и Данска.

ПретходноЕХФ АНАЛИЗА: Македонија со Лазаров и неговата двојна улога ќе биде незгоден противник на ЕУРО
СледноЛука Станковски летна за Истанбул, утре на промоција во Газијантеп