Перо Блажевски е нов тренер на КК Кожув. Легендата на мак – кошарката доби доверба од раководството на гевгеличани со цел да го подигне нивото на формата на тимот кој оваа есен во нашата елитна кошаркарска лига не блеска. Посебно не на последните мечеви во минатата година.
Да кажеме дека досега Блажевски беше стратег на вториот тим на МЗТ Скопје, но беше сменет пред извесно време.
Со преземањето на екипата секако новиот тренер ќе посака да направи и промени во играчкиот кадар на тимот од Гевгелија.