По екипата на Лече, уште два клуба од италијанската Серија Б влегуваат во трка за позајмица на нашиот репрезентативен напаѓач од екипата на Удинезе, Илија Несторовски.
Според пишувањата на италијанските медиуми, Монца на некогашниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони и екипата на Кротоне која жестоко се бори за опстанок во второлигашкото друштво искажале интерес да го добијат Несторовски на позајмица до крајот на сезоната. Со оглед на тоа што Монца како и најголемиот интересент за Несторгол досега, Лече, се во врвот на Серија Б и се борат за промоција во елитата, овие два клуба можат да бидат и фаворити за да го добијат нашиот репрезентативец.