Лидс Ј. подготвен да понуди 18 милиони евра за потписот на Елмас!

2079

Лидс Јунајтед и Борусија Дортмунд наводно се сериозно заинтересирани за потписот на нашиот фудбалски репрезентативец, Ељиф Елмас оваа зима и веќе подготвуваат „астрономски“ понуди за да го натераат Наполи да подразмисли за евентуална продажба на нашиот „дијамант“.

Според новинарот Талха Арслан и пишувањата на англиски „Дејли Експрес“, Лидс и Борусија Дортмунд се обиделе да го ангажираат Елмас и минатото лето, кога Наполи веднаш им ставил дознаење дека Елмас не е на продажба.

Сега Лидс Ј. тргнува во нова офанзива и веќе се споменува сума од 15,3 милиони фунти (околу 18 милиони евра) која наводно тимот предводен од Биелса е подготвен да ја плати за да го добие потписот офанзивниот играч за врска.

ПретходноЦрногорците денеска се тестираат на Ковид: Кој ќе биде позитивен не оди на ЕП
СледноГабигол доаѓа во Премиерлигата: Вест Хем најблизу до Бразилецот