Новак ги спакува куферите и тргна за Австралија, ќе игра на АО! (ФОТО)

200

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе учествува на Австралија опен: првиот Грен Слем турнир за новата 2022 година започнува на 17 јануари.

Ѓоковиќ на Инстаграм објави фотографија од аеродром и полни куфери под која напиша:

„Среќна Нова Година на сите! Ви посакувам многу здравје, љубов, радост и среќа. Да гледате, дишете и размислувате љубов и да негувате почит кон секој човек и живо суштество на оваа прекрасна планета. Уживав што бев со моето семејство и драги луѓе, се одморив од многу долга и успешна сезона 2021. Сега се селам во Австралија бидејќи добив дозвола и подготвен сум да живеам и да дишам тенис во следните неколку недели. Ви благодарам на сите за поддршката“.

ПретходноГабигол доаѓа во Премиерлигата: Вест Хем најблизу до Бразилецот
СледноАнтиваксерот кој повеќе од еден месец се бореше со Ковид-19 се врати на тренинзите на Баерн (М)