Матеј Цветановски се појави на прегледи, а утре и на прозивка во Шкупи

1634

Матеј Цветановски ќе остане и во пролетниот дел од сезоната дел од тимот на Шкупи. Офанзивецот денеска ги одработи редовните прегледи пред секој почеток на подготовките, што значи дека ќе биде тука и утре, кога Шкупи и официјално зима ва стартува со работа.

Иако Цветановски имаше опција зимава да замине во друг клуб, затоа што му заврши договорот, сепак, очигледно планира минимум до лето да биде дел од клубот од Чаир.

Африканците секако ќе доцнат

На утрешната прозивка нема да се појават интернационалците од Африка кои секако добиваат некој ден повеќе за одмор, како и за средување на документи и пристигнување со Македонија.

ПретходноСУПЕР – АКАДЕМИЈА: Димитар Митровски и Пепи Горѓиев во нападот на „Пандевци“
СледноМарио Крстовски не продолжува во Македонија ЃП