Финале на ЛЕ: Четирите меѓусебни дуели завршија 0:0, се надеваме дека вечер нема да биде така

267

Вечерва во Гдањск, Полска ќе се одигра финалето во Лига Европа. На теренот ќе истрчаат Виљареал и Манчестер Јунајтед, трета шпанско-англиска пресметка во финалето на Лигата на Европа по оние меѓу Атлетико и Фулам 2:1 и Севиља и Ливерпул 3:1, а прва по 2016 година.

Очекуваме интересен фудбал, помеѓу непредвидливата шпанска екипа на чело со „специјалистот“ за трофеи во ЛЕ Унаи Емери и еден од најмоќните и најпознатите клубови во светот Манчестер Јунајтед на чело со Солскјер.

Меѓусебните дуели не ветуваат екстра фудбал. Сите четири претходно натпревари завршија со 0:0. Во 2008 година во групната фаза на Лигата на шампионите и во Манчестер и во Виљареал беше 0:0 истото се случи и во 2005 година.

Тоа беше одамна, ајде да се надеваме дека двете екипи ќе нема да тактизираат и ќе атакуваат кон головите па нема да го видиме најнепопуларниот резултат во фудбалот, посебно во финале на некое големо натпреварување.

ПретходноНишто од Фрајбург: Велковски уште една година во Ријека!
СледноЈа покори Италија и одлучи да си оди: Интер веќе бара нов тренер!