Откажани скоковите во Инсбрук, ќе има „двојна програма“ во Бишофсхофен

249

Ски-скоковите во Инсбрук, кои се во рамките на Новогишната турнеја „4 скокалници“ кои требаше да се одржат денеска се откажани поради силен ветера на скокалницата во Австрија. По неколку одложувања во текот на денешниот ден, на крајот донесена е одлука да не се почне воопшто и да се запази безбедноста на натпреварувачите па одлучено е на последната етапа од Турнејата да има два скокови во Бишофсхофен.

Па така утре и задутре ќе има двојна програма со што ќе биде заокружено 70. издание на Новогодишната турнеја. Oна што е интересно резултатите од квалификациите во Инсбрук нема да бидат валидни, значи утре изутрина ќе има квалификации, а попладне главниот настан.

На претходните две етапи во Оберсдорф и Гармиш победи јапонскиот скокач Рују Кобајаши.

 

ПретходноШкендија се активираше зимава
СледноЃуросски мора на операција по тепачката во Маврово