Васоски во преговори да го преземе Сараево

1457

Во моментов тренерот на тимот на Академија Пандев, и поранешен Македонски репреземтативец Александар Васоски е во преговори за преземање на клупата на Босанскиот фудбалски гигант Сараево.

Спортмедиа дознава дека Васоски заминува во БИХ на финални преговори со клубот  во следните ден, два, и дека има сериозна опција да го преземе клубот со огромна историја како во поранешна Југославија така и во самостојна Босна.

Васоски засега во својата тренерска кариера се покажа како исклучително квалитетен стратег, како на кормилото на Вардар, така и сега во Академија Пандев, клуб со кој во моментов е второпласиран во домашниот шампионат.

Од друга страна пак Сараево во моментов е во потрага по тренер, опција како што дознава бил и Бруно Акраповиќ во моментов тренерот на Шкендија, но Васоски дефинитивно во моментов е најсериозниот кандидат.

Во Сараево секако и натаму е Крсте Велкоски, икона на овој клуб, македонскиот интернационалец кој беше дел од репрезентацијата на Македонија се до Европското на кое учевствувавме минатото лето.

ПретходноКорона во Црна Гора, го откажаа учеството на турнирот во Швајцарија
СледноХрватите во паника: Најдобрите ракометари „закачиле“ коронавирус