Стивен Езе, интернационалец од Нигерија е можно засилување во дефанзивата на Шкендија. Станува збор за стопер висок 198 см, има 27 години и некогашен фудбалер на Локо Пловдив во времето кога сегашниот стратег на тетовци, Бруно Акраповиќ беше тренер на тој бугарски тим. Значи добро познато лице за Бруно и секако дека тој доаѓа под Шара по негова препорака.
Играл и во Казахстан, во тимот на Тобол, а потоа имал епизода и во Индија . Добро за Шкендија е што е слободен играч. Преговорите се во тек, а дали ќе има договор останува да се види.