Она што јавноста го шпекулираше долго време денеска доби официјализација. Дарко Мицевски се враќа во тимот на Вардар, кога му е најпотребен и кога нашиот најтрофеен клуб се обидува да обезбеди, да го возобнови својот прволигашки статус.
Мицевски се враќа во Вардар од улогата интернациоиналец. Беше дел од тимот на Рига во Летонија, но во зимскиов преоден рок реши да го напушти овој тим и да се врати во Вардар, клубот од каде што и замина.
Тој е првото официјално засилување за Вардар оваа зима, секако се очекува деновиве и промоција на Филип Гачевски. И тој како и Мицевски ќе се врати во својот поранешен клуб, откако мина извесен период на Кипар.
Според информациите на Спортмедиа, Вардар зимава нема премногу да форсира со засилувањата, туку ќе донесе играчи кои во моментов реално се неопходни.
“Ми претставува голема чест и задоволство враќањето во Вардар, едноставно повикот од најтрофејниот македонски фудбалски клуб не се одбива. Им благодарам на сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски за повикот и довербата, лесно се договоривме и заеднички ги усогласивме целите на клубот. Верувам во овој проект, искрено се надевам дека ќе биде еднакво успешен како и при мојот претходен престој тука. На сите навивачи и приврзаници на Вардар им ја честитам новата година и божиќните празници, се гледаме на терен, да го вратиме Вардар таму каде што му е местото.” – изјави Дарко Мицевски.