Екс играчот на тимот на Работнички, Србинот Драшко Ѓорѓевиќ ќе стане дел од тимот на Струга Трм Лум.
Спортмедиа дознава дека дефанзивецот е веќе договорен и дека во следните неколку дена ќе биде и промовиран како новитет во тимот на Трим Лум.
Со него, а и со веќе промовираниот Дарко Илиески, Стружани добиваат екстра стоперски тандем кој секако е склопен како замена за заминувањето на досега стандардниот Јасмин Мециновиќ.