Нема пари, нема тренер… Иван Марковски си замина од Металург

279

Во Автокоманда очигледно дека се случува процес таканаречен „распад систем“. Беспарицата односно неисплатените плати доведоа до тоа, да некогаш клубот кој имаше сериозни амбиции при настапите и во Лигата на Шампионите во моментов остане без тренер. Иван Марковски, досегашниот кормилар на тимот на Металург, го известил клубот дека поради неисплатени примања едноставно си заминува.

Ова е само уште една причина повеќе, од многуте кои во Металург се случија периодов, да и стане јасно на јавноста дека клубот не оди во посакуваниот правец. Напротив, најпрво беше откажан настапот во Европа поради финансискиот депозит потребен за такво нешто, па потоа и заминувањето на голем број на играчи, за да кулминира со денешниот потег на Марковски кој реално ама баш никого не изненади.

 

ПретходноМенди префрлен во друг затвор поради закани по неговиот живот
СледноЃоковиќ како азилант… чека влез во Австралија, властите го држат на аеродром