Се водат преговори: Шкендија со официјална понуда до Буба Хасани, се чека „ДА“ од него!

1517

Ферхан Буба Хасани по 3,5 години пауза се чини дека ќе се врати дома, ќе се врати во својата Шкендија. Како што „Спортмедиа“ најави уште пред две недели,тетовци деновиве доставиле и официјална понуда до својот некогашен капитен. Сега се чека неговиот одговор, неговото „ДА“. Во моментов се водат преговори и ако ја прифати понудата, тогаш тоа значи дека во пролетниот дел актуелниот шампион ќе биде предводен од својот најдобар фудбалер во клупската историја.

Секако дека ова ќе биде големо, најголемо засилување оваа зима за Шкендија. Со Хасани во тимот се е можно, па и да се стигне Шкупи во пролетниот дел од првенството.

ПретходноЛетечкиот Кобајаши победи и во Бишофсхофен – на чекор е до историја!
СледноЃоковиќ е во притвор во Мелбурн, го чуваат полицајци