Нов проблем: Двајца фудбалери на Барселона се повредија

264

Барселона потврди дека Френки де Јонг има повреда на потколеницата, а Роналд Араухо ќе мора да оди на операција поради скршеница на раката. Ова се два големи нови проблеми за Чави во пресрет на продолжението на сезоната во Ла Лига.

Де Јонг и Араухо беа заменети за време на Купот натпреварот против Линарес во средата. Араухо ќе биде под нож утре и најверојатно ќе биде надвор од терените неколку недели. Де Јонг би требало побрзо да се врати во игра, но Холанѓанецот нема да биде достапен за саботниот натпревар против Гранада во Ла Лига.

ПретходноЊукасл нуди 70 милиони евра за Влаховиќ!
СледноНигерија остана и без Игало за КАН 2022