Нигерискиот напаѓач Одион Игало нема да игра за својата земја на Купот на африканските нации, откако неговиот саудиски клуб одби да го пушти, објавија фудбалските власти во оваа африканска земја.
Клубот Ал Шабаб од Ријад соопшти дека мејлот со поканата за Игало пристигнал по истекот на рокот и имаат целосно право да го одбијат неговото патување.
Нигерија не успеа да го обезбеди и напаѓачот Емануел Денис од Ватфорд, откако Британците исто така реагираа на доцна испратена покана од федерацијата.
Според правилата на ФИФА, поканите до клубовите мора да бидат испратени во рок од 15 дена пред почетокот на турнирот.