Серхио Агуеро изненадувачки може да се врати во Манчестер Сити, откако добил понуда да стане амбасадор на клубот.
Легендарниот аргентински напаѓач беше принуден да престане да игра фудбал поради проблеми со срцето. Ова лето Агуеро го напушти Сити и се пресели во Барселона, но одигра само пет натпревари за Каталонците пред да каже „стоп“.
Сити објави дека планира да подигне статуа на Агуеро пред Етихад во чест на голгетерот број 1 во својата историја, а сега се подготвени да му понудат и нова работа. Доколку Агуеро ја прифати понудата на Сити, би можел да им се придружи на поранешните соиграчи Џолиен Лескот, Мајк Ричардс и Шон Рајт-Филипс, кои се исто така амбасадори на „граѓаните“.