„Граѓаните“ рутински до 1/16-финалето во ФА Купот

113

Без посебни проблеми, иако беа и без неколку првотимци и без менаџерот Пеп Гвардиола поради позитивните тестови на коронавирусот, шампионите на Англија, Манчестер Сити успеаја да дојдат до убедлива победа на гостувањето кај четвртолигашот Свиндон од 4:1 и да обезбедат 1/16-финале во ФА Купот.

Головите за „граѓаните“ ги постигнаа Силва (14′), Г. Жезус (28′), Гундоан (59′) и Палмер (82′), додека единствениот почесен гол за Свиндон беше дело на МекКирди (78′).

За одбележување е и промашениот пенал на Габриел Жезус во 62. минута.

ПретходноБорусија (М) ги искористи проблемите на Баерн и славеше во Минхен (ВИДЕО)
СледноНавивачите на Борусија (Д) сами ќе го дизајнираат новиот дрес!?