Откако завршија со “формалностите“, се разбира дека тука мислиме на прегледите и прозивките, денеска шампионот го одработи и првиот официјален тренинг во новата 2022 година. И како што доликува, на чело на колоната беше Ферхан Буба Хасани, кој по 3,5 години се врати во својата Шкендија. Од него сите фанови на тетовскиот клуб очекуваат да помогне напролет во битката за титулата иако Шкупи има огромна бодовна предност.
Се разбира дека тука беа и Михаил Маневски и Бразилецот Андре Менсалао. Се шпекулира дека тимот на Бруно Акраповиќ ќе добие уште некое квалитетно засилување.