Пјонтек се врати во Серија А, сега ќе игра за Фиорентина

170

Полскиот репрезентативец Кшиштоф Пјонтек повторно ќе трча на терените во Италија откако денеска го комплетира трансферот од Херта во Фиорентина. 26-годишниот напаѓач ќе игра како позајмен во Фиренца до крајот на сезоната со тоа што италијанскиот клуб има опција да го откупи договорот за 15 милиони евра.

Пјонтек ќе го носи дресот со број 19. Претходно, Пјонтек играше успешно за Џенова по што направи трансфер во Милан каде не се снајде најдобро. Од таму замина во Херта, а Германците платија дури 27 милиони евра за неговите услуги. За берлинската екипа во 54 прволигашки натпревари постигна 12 голови што е премал ефект со оглед на очекувањата.

 

 

ПретходноБензема заокружи 300 гола за Реал Мадрид!
СледноУжас во шампионатот на Катар, играч се сруши на теренот (ВИДЕО)