И Струга Трим Лум во “погон“!

524

Вчера и екипата на Струга Трим Лум ги стартуваше подготовките. Како што е вообичаено, се стартуваше прво со прозивката а потоа и со првиот тренинг под водство на стратегот Срѓан Захариевски.

Засега од новите имиња тука е само Дарко Илиески, дефанзивецот кој и тоа како ќе ја засили одбраната.

Инаку се чини дека Анталија како опција за одработување на главната фаза од подготовките и дефинитивно отпадна. Стружани ќе престојуваат во Драч (Албанија) и тоа од 22 јануари до 3 февруари. Тие и минатата зима беа таму и се задоволни од условите кои им ги нуди овој град.

Во однос на пријателските средби, Струга Трим Лум закажа „тест“ со Ренова на 21 јануари. Мечот со Воска кој беше закажан за 26 јануари најверојатно ќе биде одложен.

Во секој случај четата на Захариевски ќе одигра неколку контролни средби и во Драч.

Како што дознаваме, Клисман Цаке, за кого има интерес оа и понуди од клубови надвор од Македонија, најверојатно ќе направи трансфер, сепак останува да се види за што ќе се одлучат самиот играч и секако клубот Струга Трим Лум.

ПретходноКањелас, Македа и Гурбиндо во конечниот список на актуелниот првак
СледноВлхова прва во Крањска Гора!