Некогашниот член на тимот на Работнички, Момчило Рашо можно е зимава да се врати повторно во Гратски парк. Спортмедиа дознава дека Работнички проблемите во одрбаната од есеноска планира да ги реши со доведувањето на Црногорецот кој го носеше „црвено – белиот“ дрес од 2016 до 2018 година. Потоа тој замина за Кипар, каде што беше дел од тимот на АЕЛ Лимасол, за да продолжи во Летонска Јелгава, а изминатиот перидо да биде дел од Раднички во Србија.
Сега, се споменува како најново засилување за Работнички, кој досега зимава го доведе единствено искусниот Арменд Алими. Од друга страна пак, Гратски парк го напуштија, Александар Ристески, Кристијан Стојкоски, Драган Стојков, Лука Станковски…