Арсенал не шутна на голот и е елиминиран од Нотингем во ФА Купот

165

По вчерашното изненадување кога третолигашот Кембриџ Јунајтед го елиминира Њукасл, денеска се случи уште едно. Второлигашот Нотингем Форест го исфрли Арсенал од ФА купот. Единствениот гол го постигна напаѓачот на „шумарите“ Луис Грабан во 83. минута., Ова е голем триумф на Нотингем кој по катастрофалниот старт на сезоната во Чемпионшип, сега се бори за влез во плеј-офот за најсилното англиски друштво.

ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

Арсенал не блескаше, играчите на Микел Артета не шутнаа во рамките на голот и на крајот заслужено се елиминирани.

Нотингем во наредното коло ќе го дочека Лестер Сити.

Во следната фаза патува Ливерпул кој со 4:1 го елиминира Шрусбери, а понатаму оди и Тотенхем кој славеше со 3:1 над Моркамб. Во дуелот на премиерлигашите Вест Хем го совлада Лидс со 2:0.

ПретходноРома го имаше Јувентус в џеб, а потоа им се случи потоп (видео)
СледноПСЖ испратил понуда за Ридигер и тоа појака од онаа на Реал