Суперѕвездата на Милан Златан Ибрахимовиќ изедначи рекорд на Кристијано Роналдо. Тоа се случи денеска по триумфот на Милан над Венеција со 3:0 во 21 коло на Серија А кога Ибрахимовиќ постигна гол. Тој ја затресе мрежата на противникот во 2. минута.
Златан и Роналдо се единствените фудбалери кои од 2000 година па до сега реализирале голови против 80 различни екипи во Топ 5 првенствата во Европа. Претходно Роналдо тоа го направи на мечот со Барнли на 30 декември во победата на Манчестер Јунајтед со 3:1.