Keрер му донесе бод на ПСЖ против Лион (видео)

124

Дербито на 20. коло во Лига 1 го одиграа Лион и ПСЖ, мечот заврши 1:1 и покрај тоа што париската екипа влезе како фаворит со оглед на ростерот на играчи и поради тоа што е шампион. „Лавовите“ од Лион поведоа во седмата минута по одличниот контра напад и погодокот на Лукас Пакета.

Во продолжение на мечот ПСЖ имаа шанса за изедначување преку Икарди и Мбапе, но одбраната на Лион беше на висина на задачата. И домашните имаа шанси за удвојување на резултатот преку Дембеле и Оар но резултатот не се смени се до 76. минута.

ПСЖ извлече бод благодарение на голот на Тимо Керер.

За Пари Сен Жермен ова е четврто реми во последните пет натпревари. Сепак го држат првото место на табелата со 47 бода, дури 11 повеќе од второпласираната Ница. За изненадување Лион е на 11 место.

ПретходноБековите му ја донесоа победата на Интер над Лацио (видео)
СледноАтлетико запрен во Виљареал, Кореа погоди од пола терен (видео)