Дортмунд побарал итен состанок за Халанд

289

Борусија Дортмунд тешко може да го задржи норвешкиот репрезентативец кого го бараат европските великани, па во германскиот тим ќе има итен состанок, за да се решат сите дилеми околу Ерлинг Халанд.

Дортмунд побарал средба со таткото на Халанд и неговиот агент Мино Раиола, сака да ги знае плановите на својот фудбалер.

Актуелниот договор на Норвежанецот со Дортмунд е до 2024 година, во неговата клаузула стои дека може да си оди ова лето за обештетување од 75 милиони евра.

Реал Мадрид и Барселона се сметаат за едни од фаворитите во битката за Халанд, неофицијално тој сам покажал интерес за „кралскиот“ тим.

ПретходноЛембанов останува шеф на стручниот штаб, Темелковски се враќа во Пролет
СледноВистинска „врвулица“: Македонците, Словенците, Данците и Црногорците во еден хотел