Утре со почеток од 18:00 часот, ракометната репрезентација на Македонија, го игра првиот натпревар од тековното Европско првенство во Дебрецен, Унгарија. Противникот е Словенија, изразит фаворит, не само според јавноста туку и според нашите ракометари, кои сметаат дека ривалот е силен, но секако и ние имаме свои адути.
„Се подготвуваме подолг период, од 22 декември. Добро се анализирани сите противници, знаеме против кого играме. Словенија е селекција, која секогаш е во борба за медал. Ние одиме секако да се бориме со нив, тактички, физички, и да го оставиме срцето на терен, а секако на крајот ќе победи подобриот“ – изјави Филип Талески.