Буњамин Шабани, капитенот на Струга ТЛ и еден од подобрите играчи од средниот ред во ПМФЛ, е трансферна цел на Брегалница. Како што дознаваме, лично тренерот Илчо Ѓорѓиоски барал да се донесе Шабани. Инаку за овој трансфер Струга ТЛ нејќе ни да чуе, а Брегалница била подготвена да плати и отштета.
За Буњамин Шабани свој интерес пројавувал и Тиквеш, а тој може да оди од Струга ТЛ оваа зима само надвор од Македонија и тоа со добра отштета со оглед на тоа дека сеуште е под договор со стружани. За него бил заинтересиран и клуб од Азербејџан.
Нашите информации велат дека тешко е сега во овој зимски преоден рок да се оствари трансферот на Шабани во Штип, којзнае можеби во јуни би можел.