Рангник изненаден од Премиер лигата: Во Германија посилните редовно ги победуваат послабите

496

Менаџерот на Манчестер Јунатед Ралф Рангник зборуваше пред новинарите пред гостувањето кај Астон Вила во двобој од 22 коло на англиската Премиер лига. Германецот неодамна го презеде Јунајтед и се очекува од него да направи револуција, но засега тоа бавно оди.

Ги победивме еднаш и сега ќе треба да го покажеме најдоброто лице за повторно да ги победиме на Вила Парк. Бев изненаден од послабите тимови во Премиер лигата кои се многу добро физички, тактички и организациски подготвени. Во Германија, кога некој од подобрите тимови игра против послаб тим, обично победува, барем во осум или девет од десет случаи. Се уште сме во процес на развој и свесен сум дека работите нема да се средат преку ноќ, но се надевам дека можеме да направиме неколку побрзи чекори“, изјави Рангник.

ПретходноЗајков ќе мора да бара нов клуб
СледноКатарецот Насер Ал-Атија четврти пат со титулата на Рели Дакар