Големото балканско дерби меѓу Србија и Хрватска (20.30 ч.) ќе го одбележи третиот ден на европското ракометно пренство. Српските ракометари ќе имаат шанса да ја прекинат црната серија против Хрватска и да се пласираат во втората фаза на Европското првенство, а истото важи и за Хрватите, кои почнаа со пораз против Франција и само во денешниот меч гледаат спас на патот кон следната фаза. Овој дуел е практично финале и за двете селекции за место во втората рунда од превенството.
Коронавирусот им прави проблеми на сите, особено на тимовите лоцирани во Сегед. Ковид-19 ја десеткуваше Србија на почетокот на овој месец, додека Хрватска деновиве се соочува со се поголеми тешкотии. До самиот почеток на мечот останува неизвесно со кои состави и ракометари ќе располагаат двајцата селектори.
Дербито во нашата група исто така се игра вечерва од 20.30 часот. Словенците по победата над Македонија денеска ќе имаат силен тест на моменталните можности против првиот фаворит во групата Данска. Данците ќе сакаат уште вечерва да си ја завршат работата за место во втората фаза, па пред нив императивот е победа.
Од останатите денешни дуели се издвојува и пресметката меѓу Норвешка и Русија, особено што двете селекции секогаш имале неизвесни средби на шампионатите.